Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски од Гостивар: Огнот што го рапламтуваат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ мпжат да ги потпали тензиите, тоа нема да го дозволиме

Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ и овластувања, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 години, тоа ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, ќе ги затвори и независните медиуми и ќе стави крај на независното судство, рече лидерот на СДСМ вчеравечер од митингот во Гостивар.

На тоа, додаде тој, нема да останат имуни ниту добрите меѓуетнички односи и ќе се стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење.

„Оганот кој деновиве гледаме дека го распалуваат ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ може многу лесно да ги потпали тензиите кои успешно ги надминавме и ги оставивме во минатото. Затоа, вечерва повторно апелирам и до Македонците и до Албанците и до сите останати етнички заедници во Македонија – Да не дозволиме да го растуриме она што го градиме 30 години – соживотот во нашето општество кое макотрпно го градиме 3 децении. Нешто што успеавме да го унапредиме во последните 7 години на многу повисоко ниво од тоа што беше претходно и тоа го гледаме на секој чекор. Ние друга татковина немаме! Нашите деца заслужуваат да ја градат својата иднина, дома, каде што се родени! Во СДСМ имаме само една опција – да застанеме зад граѓаните кои веруваат во напредна и европска Македонија како рамноправна членка на Европската Унија и заедно, со упорна и посветена работа, да го оствариме тоа“ порача Ковачевски.

Претседателот на СДСМ се заблагодари на сите кои на 24 април гласаа за борјот еден и повика на уште помасовна поддршка на 8 мај.

„Упатувам благодарност до сите членови и симпатизери на СДСМ, кои во средата беа на страната на европската Македонија и кои нѐ поддржаа. Поддршка важна и голема како планина. Само така – ние, заедно со вас, можеме да направиме голем исчекор и да го свртиме резултатот во наша полза, во корист на европската иднина на Македонија“ порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК