Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Морачанин: Вистински партиоризам е грижата за здравјето на граѓаните и почиста и поздрава животна средина

„Вистински патриотизам е грижата за здравјето на нашите граѓани, за почиста и поздрава животна средина. Лесно е да раскажуваме празни флоскули, но она што е потребно е сите ние како политичари да одработиме навистина конкретно за нешто што значи подобар квалитет на живот за сите граѓани“ рече претседателката на ДОМ и кандидатка за пратеничката од листата на Коалицијата за европска иднина.

Таа кажа дека процесот на отстранувањето на линданот од фабриката Охис е во тек и се врши согласно највисоките европски стандарди.

„Неодамна беше во посета на ДОМ и овде во Скопје европратеничката од холандските зелени, Тинеке Стрик и ние организавме со неа една посета во старата фабрика Охис и навистина ми е задоволство што процесот на остраснување на целиот канцероген линдан, старо индустриско загадување, од пред 6-7 децении веќе успешно почнува и во тек е отстранувањето и извозот на овој опасен материјал во Германија и Франција“ рече Морачанин.

Таа додаде дека за целосно расчистувањето на големата депонија се потребни големи финансиски средства, кои според проценките на експертите може да достигнат стотина милиони евра.

„Ја замоливме европратеничката и таа се обврза дека ќе се заложи кај Европската комисија за дополнителни средства како грант, за да може овој линдан од ова подрачје што побрзо да биде изнесен“ рече Морачанин.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК