Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски: Разликата меѓу нас и нив е како небо и земја

На 24 април ќе се знае кој ќе победи на осми мај и затоа на двата избора треба да заокружите број еден и тоа е гаранција дека Македонија ќе оди напред, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во Бутел.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ свесно ја лажела јавноста околу договорите со соседите, затоа сега оваа партија тврди дека членството во НАТО сега е вредност клучна за безбедноста и дека историските прашања не се дел од европскиот предлог.

„Знаат дека македонските граѓани ги прочитаа нивните блефови, затоа што граѓаните знаат дека во тие договори кои се јавно објавени, нема ништо антинационално, дека тие не се направени приватно меѓу 2-3 луѓе, туку се направени заедно со нашите најголеми стартешки сојузници а тоа се САД и земјите во ЕУ“ порача Пендаровски.

Пендаровски додаде дека разликата меѓу неговата опција и опцијата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна.

„Разликата е како небо и земја ние сме тие кое сме државотворни од 1991 па до денес од референдумот за независност, членството во ООН, членство во НАТО, почнати преговори со ЕУ и она што е најважно што создадовме одлични меѓунациони односи кои се оската на внатрешната стабилност“ рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК