Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја делови од Ѓорче Петров, Карпош и Студеничани

Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од девет до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров.

Од 11.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Тесла“ број 16 и број 18, како и корисниците од улицата „Орце Николов“ број 174 во општина Карпош.

Додека во општина Студеничани, во периодот од 13 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Маркова Сушица, лоцирани на почетокот на селото кај ресторанот.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК