Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единатвен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Носителот на Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеака со младите од Куманово разговараше за Манифестот на СДММ и за европскиот концепт.

-Најдобрата енергија ја носат младите луѓе. Го промовиравме Манифестот на СДММ за европска иднина во Македонија – токму од мое, борбено Куманово! Ги остваруваме стратешките цели – членка на НАТО сме и ги почнуваме преговорите со ЕУ и токму вклученоста на младите е уште поважна за европска иднина за сите. Правиме простор младите да ја креираат иднината!, рече Спасовски.

И ве повикувам да се борите, да се ангажирате за вашата иднина, додаде тој.

-Ако направиме паралела од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имате мир и спокој да се изразувате и дружите, наспроти времето на тепање на студенти од 2016 Цврсто стојам и силно ќе се борам да се имплементираат сите мерки во програмата, за квалитетно образование, здравство и младински политики кои ќе бидат реалност во Македонија. И само еден од кандидатите го застапува овој европски концепт за младите – нашиот претседател Стево, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК