Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес одржа средба со професорот. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик и Елена Јованова – Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик.

На средбата тема на разговор беа заложбата за поддршка и негување на македонскиот јазик и културата, на Владата и на Секретаријатот за европски прашања со посебна важност во процесот на евроинтеграција.

Проф. д-р Људмил Спасов и Советот за македонски јазик, во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, и реномираните лингвисти, македонисти, и професори, имаат важна улога во изработката и реализацијата на закони и проекти кои го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик. Покрај ова, Владата на Република Северна Македонија и институциите континуирано ја поддржуваат реализацијата на различни проекти поврзани со развојот и промоцијата на македонскиот јазик, како и преводот на европскот законодавство на македонски

Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој беше изгласан во Јануари 2024, што претставува нов и современ закон кој го заштитува и унапредува македонскиот идентитет и култура, како и закон кој примерува соработка и јавна дискусија со сите заинтересирани страни.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК