Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во седум години немавме ни една тужба од владин претставник кон новинар, на времето имаше по 200

„Ние седум години немавме меѓуетнички тензии во државата. Седум години немаме никаква пресија врз медиумите, ние ги сменивме сите закони за заштита на правата и слободата на медиумите и новинарите. Напад на новинар сега е напад на службено лице“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека изминатите седум години немало ни една тужба од Владата према новинар, иако претходно имаше по 200 тужби кои новинарите ги губеа.

„СДСМ докажал и покажал што значат добри меѓуетнички односи, коносител во ИЕ2 е Фатмир Битиќи. На листата во ИЕ1, која јас ја предводам, имаме Албане од Сарај. Претседателот на Студентското собрание од Универзитетот во Тетово е коносител во ИЕ6, Агрон Демири“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК