25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во 2016 година со една минимална плата се купувале 220 четвртини бурек, денес може да се купат 320

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни четири минимални плати за една потрошувачка кошничка. Денес, во економска криза и по инфлација, потребна е една просечна и една минимална плата за покривање на потрошувачката кошничка“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека лдиерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да споредува со разни области и буреци, па направи и таква споредба.

„Во 2016 година со една минимална плата можеле да се купат 220 четвртини бурек. Денес може 320 четвртини бурек“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека за 50 отсто се зголемени и пензиите во однос на 2016 година, но и дека со новата програма на СДСМ и платите и пензитие ќе продлжат да растат.

„Мојата влада докажа дека СДСМ ги исполнува ветувањата. Затоа ветувавме 1100 евра просечна плата и 600 евра минимална плата до 2028 година. Со влезот во ЕУ, 1300 евра просечна плата и 800 евра минимална. Просечната пензија ќе биде 30 илјади денари, а минималната 20 илјади денари и ќе донесеме закон за минимална пензија“ рече Ковачевски.