Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Мицкоски никако да се опамети, сака држава само на Македонците

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, соопшти ДУИ.

„Последно од ВМРО, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека „лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе“.

Со овие обвинувања, Мицкоски покажува дека Северна Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати,

Европскиот фронт му става до знаење на Мицкоски и неговите деривати дека Северна Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност, а вака ќе биде и по 24 април и 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија.

Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата д-р Бујар Османи, воедно иден претседател на Северна Македонија.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +