13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

807 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи. Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Аеродром по мерка на граѓаните: концепт што создава, работи и се грижи

ДЕСК

Се ситни бројот на неработни денови – Еве кога ќе одмараме до Нова година

ДЕСК

Филипче: Со Ванчо Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.