11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

Доаѓаат дури 7 неработни денови во април и мај, појачани и со двете изборни среди – Еве кога ќе одмараме!

Доаѓаат серија неработни денови во април и мај, можеби најмногу во историјата на Македонија за толку краток период.

Па така 10-ти април среда е првиот неработен ден што следува за сите граѓани, поради празнувањето на Рамазан Бајрам.

Потоа следува 24-ти април – ден на избори за Претседател.

Неработен ден ќе биде и 1-ви мај, ден на трудот, па потоа доаѓа 3-ти мај Велики петок и 6-ти мај Велигден.

Неработна ќе биде и средата на 8-ми мај поради изборите за Парламент и втор круг на изборите за Претседател.

Но тоа не е крај на празниците за мај, бидејќи на 24-ти се слави Свети Кирил и Методиј.