19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Kривична за скопјанец: Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ, затоа што А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице, информира МВР.

-А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез- излез на предметното земјиште, каде што за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК