19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

-Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје, велат од СДСМ.

„Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, но и на 40 општини низ државата, ДПМНЕ сега излезе со нови лажни ветувања.

Ништо од ветеното во Скопје не е реазлизирано.

Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.

Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.

Граѓаните се изневерени, изборните ветувања неостварени.

А, промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.

Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, во изолација и безнадежност.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +