Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две возила се судрија на улица во Скопје, па едното удри во малолетничка – МВР со детали за несреќата

На 26.03.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +