16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична против охриѓанец, запалил возило сопственост на Шумската полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, извести СВР Охрид.

„На 17.2.2024, на улицата Серафим Китаноски во Охрид, со запалива течност предизвикал пожар на паркирано патничко моторно возило ‘дачија дастер’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумската полиција – Охрид“, соопшти СВР Охрид.