Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Албанската опозиција врши поделба на Албанците од Косово, Албанија и Македонија и ги напаѓа медиумите и новинарите

Соопштение на Демократската унија за интеграција:

Албанската опозиција конечно сфати дека на 24 април и 8 мај ќе доживее длабок пораз од Демократската унија за интеграција.

Ако досега меѓусебно се обвинуваа за поразот од ДУИ, сега обвинуваат и медиуми и новинари од Албанија и Косово.
Дури и ги клевети дека се продадени за да ја заштитат ДУИ и обвинуваат опозицијата.

Аднан Азизи, организационен секретар на Движењето Беса и висок експонент на албанската опозиција, клевети дека „ДУИ троши милиони евра, пари од даноците на граѓаните, за поткуп на аналитичари и новинари од Косово и Албанија, за поткуп на локални медиуми, само за да ја спасат катастрофалниот пораз што ќе и се случи на 8 мај“.

Демократската унија за интеграција со длабока загриженост ги следи клеветите и неоснованите обвинувања на опозицијата кон секој што размислува поинаку од неа(опозицијата), притоа повикувајќи ги нив да не вклучат структури, личности, новинари и медиуми од Албанија и Косово во предизборната кампања во Северна Македонија и да не се навредуваат медиумите и новинарите.

Воедно, ја информираме јавноста дека Демократската унија за интеграција ја почитува слободата на говорот, бидејќи сметаме дека главен демократски коректор на власта се слободните и независни медиуми кои ја кажуваат вистината и само вистината. И ставаме до знаење на опозицијата дека со клеветење на албански медиуми и новинари од Косово и Албанија, никому не му прави чест , освен на газдите со седиште во Москва и Белград.

Хибридната војна координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица веќе ги надминува сите предвидувања на валканата кампања на опозицијата, па ја повикуваме јавноста да ја провери секоја вест и информација што доаѓа од таканаречената „Коалиција Вреди“.

Можеби ќе ве интересира

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК