22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Тетовско казнети над 300 лица што управувале возило без возачка: меѓу нив и триесетина малолетници

Од МВР информираат дека во изминатите нешто повеќе од два и пол месеца од годината, заклучно со денеска, на поширокото тетовско подрачје откриени и санкционирани се вкупно 300 лица, кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит.

Триесетина од нив биле малолетници, кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски.

На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со глоба од 250 евра во денарска противвредност, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата што им ги дале да ги управуваат иако знаеле дека не го положиле возачкиот испит.

Во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.