Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Професионализмот во центрите за социјална работа мора да биде на највисоко ниво

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ги посети центрите за социјална работа во Кичево и Гостивар, при што директорите и вработените ги истакнаа актуелните проблеми со кои се соочуваат во процесот на спроведување на тековните активности и давање социјална заштита за корисниците.

„Од 29 јануари кога дојдов во Министерството заедно со мојот тим почнав со теренски посети и состаноци да ги утврдиме состојбите во центрите за социјална работа. Она што го детектиравме како недостиг е недоволно вложување во капацитети, недоволен број на стручен кадар, но од спроведените анализи се утврдија и одредени злоупотреби за кои заеднички во иднина ќе мора да работиме на надминување на ваквите системски пропусти за да нема вакви злоупотреби, кои значат финансиски импликации врз буџетот на Министерството. На тој начин и финансиските средства што се одвојуваат за центрите по вакви основи да завршуваат кај оние лица на кои најмногу им е потребна помош од државата“, потенцира министерот Велковски на денешните теренски посети во Кичево и Гостивар.

Можностите што ги има Министерството за труд и социјална политика во овој период на техничка влада се ограничени, но затоа министерот Велковски најави итни мерки и брза реализација веднаш по завршување на изборите и формирање на новата влада.

„Ќе ги посетиме буквално сите центри за социјални работи под Министерството, ќе ги слушнам ставовите и барањата на вработените, на стручните служби и што ние како министерство можеме и треба да направиме. Во овој период на техничка влада можностите се ограничени, но она што и на средбите го кажувам е дека по 8 мај, веднаш ќе почнеме со системски промени и решавање на актуелните состојби“, дополни тој.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК