Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност – со ДПМНЕ е можна само изолација

-Пратеникот од редовите на ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица Драган Ковачки, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат, соопшти СДСМ.

„Ковачки не ги исполнува стандардите за да добие НАТО безбедносен сертификат.

Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност.

Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата?

За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.

Едно е јасно, кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО, тие се против НАТО и против ЕУ

Со ДПМНЕ е можна само изолација и оддалечување од НАТО и ЕУ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК