Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Вицепремиерот Битиќи и министерката Шукова се сретнаа со делегација на Зелениот климатски фонд

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Северна Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд(ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик директор во одделот за програмирање на фондот.

Средбата се одржа на маргините на Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје од 18.03 до 22.03.2024 година.

На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти, за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка. Во оваа насока, на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени.

Истакнувајќи ја подготвеноста на Северна Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Северна Македонија и ЗКФ ќе има за цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност.

Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК