Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Во моето семејство Венко Филипче е спасител – Искрено сведоштво за професионалната посветеност на познатиот неврохирург

Професионалноста на неврохирургот Венко Филипче, неговата стручност и посветеност на спасување на секој човечки живот го сведочат бројни пациенти и семејства кои судбината ги довела до болница.

На Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ постојано се споделуваат сведоштва и искуства на пациенти кои изразуваат огромна благодарност до Филипче за неговиот ангажман и како министер за здравство, но и како врвен неврохирург секогаш подготвен да даде максимум за секој случај.

Каролина Живковиќ Калеовска во групата споделува дека во нивното семејство Венко Филипче е спасител.

„Снаата ми е самохрана мајка на една прекрасна принцеза. Внуката имаше 4 месеци кога она од тага за сопругот (мојот син) доби мозочен удар. Во таа прилика викнавме брза помош и во моментот се сетив да му ѕвонам на тогаш министер Др. Филипче, оти нè знаеше по случајот за син ми“, пишува Живковиќ Калеовска.

Таа објаснува како Филипче, во сред ноќ собрал екипа на доктори со кои веднаш ја оперирале и ја спасиле нејзината снаа.
„Доживотно сум му благодарна“, вели Живковиќ Калеовска во својата објава која се споделува и од други членови на групата.
Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ има повеќе од 25 илјади членови.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК