Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Марихуана, повеќе видови таблети и мобилен телефон пронајдени при претрес во затворот во Битола

На 17.03.2024 во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп, А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон, соопшти МВР.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК