25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во новата програма предвидуваме раст на земјдоделските субвенции за извозот да достигне 1,25 милијарди евра

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат рече дека со новата програма неговата партија предвидува зголемување на земјоделските субвенции на 750 милиони евра до 2028 година, што ќе влијае на зголемувањето на производството и извозот.

„Проектираме извозот од 750 милиони да се зголеми на 1,25 милијарди во 2028 година и докажавме дека тоа го можеме. Во поризводство на грозје и вино, Северна Македонија стана број 1 по извоз на вино во регионот, 13 земја во светот. Имаме приходи од над 60 милиони евра од извоз на вино, од кои над 50 проценти е флаширано“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека исто така се предвидува и 50 отсто зголемена помош за поддршка на инвестициите на македонските компании.

„До 2016 година добиваа 0 денари македонските компании. Докажавме дека македонските компании се отпорни на криза и им помогнавме со 100 милиони евра да отворат инвестициски циклус вреден половина милијарда евра за креирање на нови работни места. Таа помош планираме да ја зголемиме на 150 милиони до 2028 година“ рече Ковачевски.