Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници повредени при судир на „голф“ и четирицикл на регионалниот пат Кичево – Осломеј

На 17.03.2024 во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(31) од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од с.Махмудовци, кичевско, соопшти МВР.

По несреќата малолетниот возач и неговиот малолетен сопатник биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +