Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Доживотно благодарна на Венко Филипче: Врвниот неврохирург е спасител во моето семејство

Неврохирург Венко Филипче ужива голема јавна поддршка и благодарност за неговата работа која постојано се истакнува на Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“. Во оваа група се споделуваат сведоштва и искуства на пациенти кои изразуваат огромна почит кон Филипче за неговиот ангажман и како министер за здравство, но и како врвен неврохирург секогаш подготвен да даде максимум за секој случај.

Во бројните објавите се потенцира професионалноста на Филипче, неговата стручност и посветеност на спасување на секој човечки живот.

Една од нив е и објавата на Каролина Живковиќ Калеовска која во групата споделува дека во нивното семејство Венко Филипче е спасител.

„Снаата ми е самохрана мајка на една прекрасна принцеза. Внуката имаше 4 месеци кога она од тага за сопругот (мојот син) доби мозочен удар. Во таа прилика викнавме брза помош и во моментот се сетив да му ѕвонам на тогаш министер Др. Филипче, оти нè знаеше по случајот за син ми“, пишува Живковиќ Калеовска.

Таа објаснува како Филипче, во сред ноќ собрал екипа на доктори со кои веднаш ја оперирале и ја спасиле нејзината снаа.
„Доживотно сум му благодарна“, вели Живковиќ Калеовска во својата објава која се споделува и од други членови на групата.
Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ има повеќе од 25 илјади членови.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК