Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Децата што ги имаат примено трите дози дитепер од денес можат да се примаат во градинка

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци.

Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе во петокот министерот за здравство Илир Демири, по препорака на Комисијата за заразни болести за промена на претходната одлука за забрана за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Рената Младеновска, објави дека минатата недела биле извршени околу стотина вонредни инспекциски надзори во детските градинки низ државата во согласност со одлуката на Министерството за здравство, а со цел да се провери дали се примаат целосно или делумно вакцинирани деца од дитепер вакцината против голема кашлица.

Младеновска во петокот рече дека градинките го почитуваат решението кое им е издадено и досега не забележале неправилности во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +