17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Билјана Јаневска со хуманитарен апел за Александар Планојевиќ!

Секретарот на ЛДП Карпош Билјана Јаневска инаку поранешна мисица со објава за хуманитарен апел за 26 годишно момче кое боледува од канцер на лимфните жлезди.

На Александар итно му е потребна трансплантација на коскена срж во Турција.

– Lymphoma Hodgkin, sclerosis nodularis т. е. Канцер на лимфни жлезди. Потребни му се 35.000 евра за лекување и трансплатација на коскена срж во Турција. До сега се собрани околу 16.000 евра па од срце ги замолувам сите хумани луѓе кои се во можност да донираат и да помогнат да се избори Александар со оваа болест.

Благодарение на @ECrowd.mk која што е сервис за собирање на донации за медицински потреби, и на луѓето што активно се вклучени во неа за само еден ден откако ја почнавме кампањава се собрани 30.650 денари!

Александар заминува во среда за Турција, во постојан контакт сме и со него и со неговите родители и се надеваме, дај Боже се да биде во најдобар ред, рече Јаневска.

Има и телефонски броеви за донации: А1: 143 600 и Телеком: 143 127

А отворена е сметка за донација во банка.

Сметка за донација:
Александар Планојевиќ
Sparkasse bank
250500031328855

Девизна сметка за донација:
Aleksandar Planojevikj
Sparkasse bank
IBAN: MK07250142220080911
SWIFT: INSBMK22″