Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

(ГАЛЕРИЈА) Во хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал

Вечерва во хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал, како дел од карневалските свечености во нашиот град и своевидна увертира во утрешната интернационалната карневалска поворка од големиот Струмички карневал.

Во друштво на гости од балканските земји, како и претставници на FECC од повеќе европски земји, на чело со претседателот на FECC Ларс Алгел, присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов кој и годинава ја има улогата на покровител на Струмичкиот карневал.

Маскенбалот помина во извонредно весела атмосфера, за која се погрижија водителот Игор Џамбазов и македонската поп дива Александра Јанева, а за принц и принцеза беа избрани Лефтер и Цветанка Андонови, кои утревечер ќе бидат дел од царската свита што ќе ја предводи интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал.

Осумдневните празнувања под маски ќе траат до среда, кога клучот на градот повторно ќе му биде вратен на градоначалникот Костадинов од страна на струмичките карневалисти.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +