Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден маж од Македонска Каменица, со „опел корса“ излетал од патот

На 14.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат во с.Моштица, општина Македонска Каменица, кај маала „Мачуваница“, патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК