24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Стратегија или политички линч – „армијата“ ботови на ВМРО-ДПМНЕ

Дали ВМРО-ДПМНЕ стои зад 200 ботови на социјалната мрежа „Х“ кои секојдневно шират говор на омраза, прашаа од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Кој е мотивот и целта?

Долгогодишниот новинар и политички аналитичар Ацо Кабранов во изјава за „Фронтлајн“ вели дека не е чудно што опозицијата шири лажни вести, бидејќи, како што вели – без срам и опозицискиот лидер го прави истото.

– Не треба да бидеш многу мудар за да ги препознаеш ботовите на ВМРО-ДПМНЕ. Не е чудно тие да шират лажни вести, кога секојдневно функционери од партијата и нивниот лидер без срам го прават тоа. Имаат изнајмено луѓе кои за пари дискредитираат сè што не е ВМРО-ДПМНЕ. Тажно е што меѓу такви платеници има и некогашни наши колеги, но им ја нашле слабата точка. Вината не е толку кај партијата туку на тие што си ја продаваат професијата и себе, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.

Тоа, додава тој, апсолутно е стратегија на партијата и не од сега.

– Ќе го нема тоа ако нема резултат од политички линч, ама сè додека има пари и резултати од тој линч ќе бидеме сведоци на таа „мајсторија“ пред сè од ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Кабранов.

Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски праша дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад 200-те светови на мрежата „Х“ кои секојдневно шират говор на омраза.

– Реториката што ја користат овие профили нè потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која во недостиг на аргументи партијата неосновано го напаѓа Стево Пендаровски. Во истите профили се забележува и силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Истите профили пред неколку години ширеа и антиалбански и антизападни ставови, велат од штабот на Пендаровски.

Демократската унија за интеграција објави дека се зголемува хибридната војна и предизвикувањето паника кај албанскиот електорат.

– Опозиција на Албанците координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Апасиев ги плаши Албанците обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека е подготвена да предизвика политичка криза. Истите обвинувања и дистрибуција на дезинформации секојдневно ги слушаме од ВМРО-ДПМНЕ и неговите деривати. Свесни за длабокиот пораз од Демократската унија за интеграција, коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ се сомнева дека коалицијата составена од деривати на ДУИ (ВЛЕН) веќе го подготвила сценариото во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да не ги прифатат изборните резултати и со ова предизвикуваат дестабилизација и забуна во јавноста, а во служба на Русија, се вели меѓу друго во писменото соопштение на ДУИ.

Од таборот на интегративците апелираат до граѓаните да не станат плен на лажни вести и специјална војна која поттикнува говор на омраза, го загрозува евроинтегративниот пат на земјата и ги помага дестабилизирачките руски политики во земјата.

Дестан Јонузи

Извор: Frontline.mk