Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ѓубрето расфрлано на улиците во Тетово го попречува сообраќајот – полицијата ќе казнува со глоби и до 10.000 евра

Тетовската полиција апелира до граѓаните и претпријатијата задолжени за одржување на јавната хигиена во Тетово целосно и безусловно да се придржуваат до Законот за јавната чистота и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Граѓаните да не ги оставаат отпадоци каде што ќе стигнат и надвор од контејнерите и другите садови за таа намена, а претпријатијата редовно да го подигаат сметот и да не дозволат создавање купишта со расфрлани отпадоци.

„Неретко купиштата отпадоци или неправилно поставените контејнери го попречуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците, пред сè, и на некои потесни места и предизвикуваат застој во одвивањето на сообраќајот“, велат од СВР Тетово.

Се додава дека овој месец, на пример, СВР Тетово изготви соодветен поднесок против ЈКП „Шар“ за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз.

Вакви поднесоци, велт од полицијата, ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток на градските улици и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците.

Глобите за непочитување на оваа законска одредба се движат од 100 до 1.000, односно до 10 илјади евра, во зависност од тоа дали е физичко или правно лице и плус 500 евра за одговорното лице на правниот субјект.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +