Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ескобар: Северна Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, кој беше во посета на Приштина, истакна дека Северна Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската унија.

Вчера Ескобар рече дека Северна Македонија е многу солиден партнер на Соединетите Американски Држави, и билатерално и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ, а Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и интеграцијата во ЕУ, се вели во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.

„Претходната влада беше посветена на членството во НАТО и влезот во ЕУ, а нашите очекувања се дека владата што ќе дојде по изборите ќе биде слично посветена на членството во НАТО, влезот во ЕУ и борбата против корупцијата“, рече Ескобар.

Тој изрази надеж дека по изборите ќе има можност да ја посети земјава, бидејќи, како што нагласи при неговиот сегашен престој во регионот, ќе биде посветен на актуелните теми како што се оние поврзани со Косово и случувањата во Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК