15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДИК апелира до граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

Државната изборна комисија информира дека заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 4.859 лица.

7 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 5 лица поднеле барање за бришење податоци во Избирачкиот список.

Преку електронски пат, заклучно со 14.3.2024, се провериле вкупно 22.122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, 6 барања за бришење податоци и 10 барања за запишување податоци во Избирачкиот список.

„По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 1.451 пријава, од кои 1.101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработена пријава. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб-страницата www.dijaspora.sec.mk“, велат од ДИК.

Потсетуваат дека јавниот увид во Избирачкиот список, како и промена, запишување и бришење податоци од страна на граѓаните, ќе може да се направи најдоцна до 18 март 2024 година до 24 часот. Апелираат граѓаните да се проверат во Избирачкиот список, односно доколку е потребно, да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.