Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач кој превезувал мигранти удрил во автомобил на патарина па побегнал

Вчера на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатната станица „Сопот“, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35) од Скопје, по што го напуштило местото.

По преземени мерки, полициски службеници во близина на с.Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина, објави МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Наместо дома во куќен притвор, бил затекнат зад волан: Полицијата му го одзеде и возилото

ДЕСК

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

ДЕСК

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК