Centar.mk
БИЗНИСвест

Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: да направиме место за емпатија, разбирање и блискост

  • Поттик за отвореност, меѓусебно разбирање и дигитален оптимизам
  • Делата на Горан Стефановски како инспирација

Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување.

Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според истражувањeто, ова најмногу ги допира младите со интензитет којшто забрзано расте последните неколку години. И покрај тоа што живееме во поврзан свет, сепак не сме вистински поврзани.

Со кампањата „Да направиме место“ ја отвораме темата за предизвиците со коишто се соочуваме како општество. Со дигиталната технологија сакаме да креираме врски и да создаваме моменти коишто инспирираат отвореност и поттикнуваат меѓусебно разбирање, затоа што веруваме дека за вистинско поврзување потребен е отворен свет. Ние тоа го нарекуваме дигитален оптимизам, којшто е во тесна врска со нашиот бренд и цврстата определба да бидеме доверлив партнер на луѓето во времиња на предизвици и да ги поврземе со сè што им е важно во нивниот живот.

Можеби ќе ве интересира

ОД ПОЛНОЌ НОВА КУРСНА ЛИСТА – Колку денари се 100 евра и 100 долари по средниот курс?

ДЕСК

КИНА ЈА ЗГОЛЕМУВА ДЕВИЗНАТА РЕЗЕРВА – Новото барање за банките ќе важи од 15 ноември

ДЕСК

АРАМКО СО ПОВИСОКА ПРИЛАГОДЕНА ДОБИВКА – Во третиот квартал достигна 31,2 милијарди долари

ДЕСК