23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Забрчанец за Отворен Балкан: Убавите зборови не ја прават една иницијатива добра, туку добрите дела

„Убавите зборови не ја прават една иницијатива добра, туку убавите дела. Добра иницијатива е онаа која воведува зелени ленти на границите за брз проток на транспортерите и онаа која воведува заеднички М-Таг на патарините, но добра иницијатива е и онаа која обезбедува бесплатен роаминг, како и онаа која најавува дека ќе обезбеди бесплатен wi-fi за јавните простори во 500 општини во Западен Балкан“, изјави Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Тој додаде дека во некои политички и тинк-тенк центри се заговарало јаз меѓу различните регионални иницијативи, наводно едни биле повеќе вредни од други. На тоа, други чинители знаеја да кажат дека “шест е подобро од три, ама три е подобро од нула”.

„Оттука, мораме постојано да ја расчистуваме маглата околу тоа дали Отворен Балкан бил подобар од Берлински процес или пак Планот за раст бил подобар од претходните две. Една иницијатива може да биде добра само доколку носи добро за граѓаните и само доколку граѓаните имаат конкретен бенефит од тоа“, заклучи Забрчанец.