17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Наскоро ги поместуваме стрелките на часовникот: Кога започнува летното сметање на времето?

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март: 31 март 2024 година, а потоа го поместуваме часовникот еден час нанапред од 02:00 до 03:00 часот.

Годинава летното сметање на времето ќе има за време на муслиманскиот месец на постот – Рамазан, што ќе влијае на почетокот и на крајот на постот.

На 30 март, постот ќе започне во 03:47 часот, а ифтар ќе започне во 18:16 часот. Ден подоцна, на 31 март, поради движење на стрелките на часовникот, сехур ќе има во 16 часот и 45 минути, а ифтар ќе биде во 19 часот и 18 минути.

Имено, врз основа на неговото истражување за адаптација на животот во различни услови, тој дошол до заклучок дека на човекот подобро му одговара животот преку ден отколку ноќе.

Поради оваа причина, во 1895 година тој предложи стрелките на часовникот да се поместат два часа понапред со цел да се користи повеќе дневна светлина во текот на летото отколку попладне.

Практиката на поместување на часовникот првпат ја воведоа Германците во 1916 година, а потоа им се придружија Велика Британија и САД.

Во моментов, повеќето земји во Европа и речиси цела Северна Америка ги поместуваат своите часовници двапати годишно.