Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Многумина повредени,меѓу кои и малолетници – Нова тешка сообраќајка во Македонија

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Арнакија-скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од с.Добри Дол-гостиварско и патничко возило „рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.Ф.(46) од Гостивар, при што возилото „рено клио“ се запалило.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, еден сопатник од возилото „ауди“ и три малолетни сопатнички од возилото „рено клио“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК