Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка близу Радовиш: Излета ауди, има повредени

На 08.03.2024 во 13.10 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Тополница кон Радовиш, кај место викано „Баглар Баши“ патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(27) од с.Тополница-радовишко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.И.(45) од с.Тополница, а со телесни повреди се здобиле Б.И. и сопатниците Р.И.(46) и Д.И.(24), констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК