Centar.mk
ЛОКАЛНО

Поради Задушница, посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска, поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 6 часот, сообраќајот кон градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по улицата Боца Иванова и десно до влезот на гробишта „Бутел“, а за излез од гробиштата десно по улицата Боца Иванова до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по улицата Бутелска и десно по улицата Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта „Камник“ и во Ѓорче Петров.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +