23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦИВИЛ повикува на протести по повод Меѓународниот ден на жената со барање за еднаквост и праведност на жените

Во светлo на упорните борби на жената, овој ден треба да се смета како повод за протести кои се залагаат за еднаквост и праведност на жените, особено во свет кој останува претежно патријахален.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација за човекови права со седиште во Северна Македонија, се придружува на глобалниот повик за ставање крај на насилството врз жените и девојките и за искоренување на експлоатацијата и дискриминацијата од секаков вид. Ова не е ден за славење, бидејќи жените ширум светот сé уште се цел на омраза, дискриминација и насилство. Силувањето останува како оружје за војна, а фемицидот е во пораст. Повеќе жени и девојки убиени во 2022 година, иако вкупниот број на убиства опаѓа, се наведува во новото истражување на UNODC и UN Women. Тоа е неприфатливо!

Популистите и екстремно десничарските групи низ политичкиот спектрум продолжуваат да се залагаат за забрана за абортусот и за третирање на жените како репродуктивни предмети, потчинувајќи ги на мажите.

Жените низ светот сé уште се борат да бидат третирани подеднакво во секој аспект на социо-економскиот и полиичкиот живот. Тие сé уште се борат за еднаква плата, репродуктивни права, право на образование, еднаков пристап до правда и можност да им се доверат улоги за донесување одлуки и други суштински потреби.

Официјално признаен од страна на Обединетите нации во 1977 година, Меѓународниот ден на жената се одбележува ширум светот на различни начини и во различен степен. И покрај разновидните прослави, од суштинско значење е да се признаат непрекинатите предизвици со кои продолжуваат да се соочуваат жените во нашите општества. Во светлo на овие упорни борби, овој ден треба да се смета како повод за протести кои се залагаат за еднаквост и праведност на жените, особено во свет кој останува претежно патријахален.

Овогодинешната глобална тема е „Инспирирај инклузија“ (IWD). ЦИВИЛ ја поддржува оваа иницијатива преку објавување мислења и анализи за различни аспект од непрекинатата борба за правата на жените на својата медиумска платформа. Повиците за акција мора да бидат вистински и насочени кон системски и искрени промени кои ќе осигураат вистинска еднаквост и праведност на жените, отворајќи го патот за намалување и конечно искоренување на насилството и дискриминацијата врз жените.
#InspireInclusion
ЦИВИЛ – Центар за слобода