Centar.mk
БИЗНИС

Од 2,2 на 4,3 милијарди евра, а сме стартувале од нула – Државата ги дуплирала државните резерви во споредба со 2015-та година!

Според податоците достапни на јавноста.

Државата ги дуплирала државните резерви во 2024 година, а во споредба со 2015-та година.

Во 2015-та Македонија имала 2,225 милијарди евра, во 2016 – 2,6 милијарди евра.

Рекордот на државните резерви Македонија го достигна во декември лани кога истите изнесуваа 4,5 милијарди евра, а во февруари 4,348 милијарди евра, што е речиси двојно зголемување на државните резерви во рок од неполна деценија.

Да потсетиме дека Македонија по осамостојувањето градењето на државните резерви го започна од чиста 0, за денес 23 години подоцна да бележиме постојан раст на државните резерви.

Девизните резерви на Македонија ги сочинуваат финансиските средства изразени во странски валути, сфатени во најширока смисла на зборот (странски ефективни пари, депозити во странски банки, странски хартии од вредност, монетарно злато, специјални права за влечење итн.) со кои располага Република Македонија и тие ги чува Народната Банка.

Можеби ќе ве интересира

ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА АЛТА БАНКА – Воведен неделен лимит од 10.000 денари

ДЕСК

НОВИ ПРАШАЊА ЗА АЛТА БАНКА ВО СРБИЈА – Четворица вицегувернери бараат целосно утврдување на фактите

ДЕСК

ЗАВРШИ ПРЕСОТ НА СЛАВЕСКИ: Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите

ДЕСК