26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Граѓаните во Гевлегија можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Во текот на вчерашниот ден, Гевгелискиот Регион беше зафатен од невреме проследено со дожд и град. Поради тоа, од денеска, Општина Гевгелија, граѓаните кои претрпеле штети можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.

Во прилог на барањето, коешто треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, граѓаните треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено и копии од лична карта и трансакциска сметка.

По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања.