14. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џафери: Експресниот пат Крива Паланка- Ранковце е значајна патна артерија од Коридорот 8

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска изврши увид на изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, којшто е значајна патна артерија од Коридорот 8.

Изградбата е поделена во две делници: Длабочица – Чатал со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри, и Крива Паланка – Длабочица со должина од 10 км и ширина на коловозот од 11,4 метри. Моменталната реализација на првата делница е 70% и 87% на втората, а патот се очекува да се заврши до мај годинава.

„Од ова што го видовме на терен, задоволни сме од динамиката, квалитетот и од сѐ она што е изведено досега. Очекувам во соодветен рок патот да биде завршен.

Делницата во другиот дел, како што ме информираа од ЈПДП и министерството е во понапредна фаза, но очекувам до крајниот рок да бидат завршени работите“, изјави премиерот Џафери.

Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка. Како Влада, вложувајќи во нова патна инфраструктура, овозможуваме побрзо патно поврзување на државата, што ќе донесе многу придобивки како што е поврзувањето на Северна Македонија со пристаништата во Варна на исток и Драч на запад.

Во овој регион се инвестира и во изградба на железницата од коридорот север-ј уг, што е дополнително подобрување во поврзувањето на Северна Македонија со Европа. Со новите и модерни патишта, Северна Македонија ќе биде привлечна за нови странски инвеститори, а со тоа ќе се отворат и нови работни места.