Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски се колнеше во нема правда нема мир, а одмолче на целиот криминал на СДС и потпишуваше криминални закони

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Пендаровски се колнеше во нема правда нема мир, а одмолче на целиот криминал на СДС и потпишуваше криминални закони.

Пендаровски во 2019 година се колнеше во слоганот “Нема правда, нема мир” тврдеше дека живеел со него, за цел мандат од 5 години да одмолчи епски криминал на СДС и ДУИ.

На Пендаровски како Претседател му се случи скандалот со над 200 пасоши на белосветски криминалци, државјанството на Онишченко, а тој не ја осуди власта, ниту побара одговорност, напротив сега е претседателски кандидат на СДС.

Пендаровски е одлика на криминалот на СДС исто како и Ковачевски.

Стево Пендаровски како претседател потпиша низа штетни закони за државата.

И Пендаровски носи вина за 2% доверба во судството.

Македонија со СДС и Стево Пендаровски губеше. Во право е народот кога вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Наместо економски мерки –дефокус и Платформата на ВМРО во обид за рушење на СДСМ

C +

Младите ја раскажуваат приказната за рубинот – Божиновска се сретна со наградените ученички

C +

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК