Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Подобар стандард, просечна плата од 1000 евра и ЕУ до 2030 е фокусот на програмата на СДСМ – најави Бојан Маричиќ

„На програмата се работи шест месеци веќе, на крајот од нејзиното дефинирање ќе дојдат три европратеници од Партијата на европски социјалисти, да им ја презентираме програмата и да добиеме нивно видување и подршка. Но, фокусот не е различен од она што е во ЕУ, имавме прилика на конгресот во Рим да го слушнеме тоа , а тоа е битката за зголемување на животниот стандард на граѓаните, повисоки плати, барем 1000 евра до крајот на новиот мандат, завршување на преговорите со ЕУ до крајот на 2028 година и членство во 2030 година,вложување многу во инфраструктурата, животната средина, неминовно борбата против корупцијата, “рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1, во врска со програмата на СДСМ со која ќе настапи во кампањата.

Тој во однос на членството до 2030 година и неговото нарекување од опозицијата шарена лага, рече дека шарена лага е дека бескрајно можеме да преговараме со Бугарија и да очекуваме подобри услови, на нешто што го имаме веќе на маса- заштитен македонски јазик и идентитет. Како и дека ако е шарена лага не би го кажал ни Шарл Мишел на форумот во Блед.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК