Centar.mk
МОЗАИК

Во Франција, од 1 март, милениците се дозволени во домовите за стари лица

Од 1 март на домашните миленици како кучиња, мачки, риби и мали птици им е дозволено да престојуваат во домовите за стари лица во Франција, но под одредени услови, бидејќи за нив ќе се грижат нивните сопственици, а не персоналот во домовите.

Во петокот француската влада даде зелено светло за прием на домашни миленици во домовите за стари лица.

Ова особено овозможува „луѓето во домовите да не бидат изолирани и да имаат континуитет во однос на она што го имале претходно“, соопшти Националната асоцијација на институции и домови за стари лица.

„Тоа е навистина мерка која е исклучително важна“, велат од организацијата, додавајќи дека домашните миленици имаат благотворни ефекти во борбата против стресот и изолацијата.

Сепак, домашните миленици ќе им бидат дозволени само на постари лица кои се автономни и можат сами да се грижат за нив.

Нема да бидат дозволени невообичаени миленичиња како змии или животни кои можат да бидат агресивни.

Домовите за стари лица ќе мора да ги приспособат и уредат своите простори, како и да воведат внатрешни прописи.

Можеби ќе ве интересира

НОЕМВРИ ПОЧНУВА СО СУДБИНСКИ ПРЕСВРТ – Три знаци ќе почувствуваат берикет, а еден ќе се соочи со големо изненадување

ДЕСК

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА ГО КОПИРА ВАШИОТ ГЛАС? – Новата измама со вештачка интелигенција може да звучи како вашето дете, сопруг или родител

ДЕСК

ДЕЖА ВУ – Зошто понекогаш имаме чувство дека веќе сме го проживеале истиот момент иако знаеме дека тоа е невозможно?

ДЕСК