ВМРО-ДПМНЕ објави дека нивниот предлог за кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова денес ги собра потребните 10.000 граѓански потписи за учество на претседателските избори.
Силјановска Давкова вчера беше и официјално избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, откако доби 444 делегатски гласа на Конвенцијата на најголемата опозициска партија, соопштуваат од партијата.
„За само четири часа, во периодот од осум изутринава до 12 часот кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова над 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата“, објави ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, инаку поддржан од СДСМ и коалицијата, објави дека 10.000 потписи денеска се собрани за пет часа.


