Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во првиот мандат на Пендаровски станавме членка на НАТО, сега е време во вториот да станеме членка на ЕУ

„Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Во неговиот прв мандат земјата стана членка на НАТО – Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски да станеме земја членка на ЕУ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на 27. конгрес на партијата.

Тој додаде дека сите заедно, со граѓаните и Пендаровски како иден претседател може да се оствари тоа.

„Бидејќи нема кој друг да го направи ако не ние, овде во оваа сала на чело со претседателот, претседателскиот кандидат и идниот претседател на Република Северна Македонија – Стево Пендаровски. Со искреност, чесност, посветеност, фокус, енергија, верба и во себе и во СДСМ“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека за вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК