Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: СДСМ покажа дека е партија со организациска супериорност – организиравме 8-мартовски марш, конгрес со 700 делегати и собравме 20 илјади потписи

„Денес СДСМ покажа дека е политичка партија со огранизациска супериорност. СДСМ во еден ден, успеа да организира три огромни работи. Прво, благодарение на Форумот на жени имавме 8-мартовски марш во Кавадарци на кои присуствуваа над 6.000 наши сопартијки. Второ, во истиот ден организираме конгрес со над 700 делегати. Трето, во истиот ден веќе имаме собрано над 20.000 потписи за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на 27. конгрес на партијата.

Тој додаде дека на овој начин се демантираат сите критичари, скептици и оние оки сметаат дека СДСМ не е најдобрата опција за државата.

„На овој начин најдобро се потврди она што го говорам 2 години, а тоа е дека најсилната, најголема и партија која има најголема организациска способност во државата е токму СДСМ. И се потврди дека социјалдемократијата е тука во оваа сала, дека социјалдемократијата е во Централнио одбор, дека таа е во нашата пратенички клупи, во нашите општински организации, во нашите министерски кабинети“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека на најдобар начин потврдиле дека се многу поголеми и пмногу посилни и нималку ослабнати.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +